Министерство за култура: Неточно е дека не сме го поддржале Вевчанскиот карневал

by Fokus

Од Министерство за култура велат дека се неточни изјавите од организаторите на Вевчанскиот карневал дека Министерството не ја поддржало манифестацијата за оваа година.

-Во тек е одлучувањето по Годишните конкурси на Минстерството за култура, а резултатите ќе бидат објавени согласно законските норми, во рок од 45 дена по донесување на Буџетот. Во таа смисла неточни се изјавите од организатрите на манифестацијата Вевчански карневал дека Министерството за култура не ја поддржало манифестацијата за оваа година, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Оттаму посочуваат дека одлучувањето е во тек, и, како што велат, секакво мешање во работата на стручните комисии е притисок врз нивната високопрофесионална, независна работа, која се одвива согласно законските норми.

-Во интерес на вистинито и целосно информирање на јавноста, соопштуваме дека Вевчанскиот карневал не доставил апликација минатата година, а дека пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година е поддржуван со по 1 100 000 денари, се посочува во соопштението од Министерството за култура.

Поврзани новости