Министерство за култура: Досега во министерството се вработени само шестмина

by fokus

Министерството за култура одговори на барањето информација од опозициските пратеници, од 1 јуни до денеска колку нови вработувања има во министерството:

Во Министерството за култура, во периодот од 1.06.2017 г. до 31.07.2017 г. е вработено едно (1) лице како посебен советник – Советник за култура – на определно време (до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет е вработен).

Ангажирани се четири (4) лица со договор на дело.

Извршено е едно (1) спогодбено преземање на аминистративен службеник од друг државен орган, со звање – Помлад соработник, што не произведува финансиски импликации врз буџетот на Република Македонија.

Во тек е постапка за уште еден посебен советник – Советник за правни работи, на определено време.

Оттаму велат дека во 2006 година вкупниот број вработени во Министерството за култура изнесувал 46 лица, додека на 1.06.2017 г. затекната е состојба од 162 вработени на неопределено време, не сметајќи ги ангажираните на договор за дело и другите ангажирани лица со високи хонорари или други парични надоместоци.

„Тоа значи дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, бројот на редовно вработени лица во Министерството за култура на Република Македонија бил зголемен за повеќе од 300 отсто, односно за трипати“, велат од Министерството за култура.

Поврзани новости