Министерството за финансии реагира на обвинувањата од Општина Центар за невратените 25 милиони денари и вели дека процедурата за нивно враќање е во тек.
-Во однос на обвинувањата од општина Центар дека Министерството за финансии не врши поврат на средства на општината, прашуваме – дали во општина Центар има правници за да му ја објаснат процедурата за поврат на средства на градоначалникот на општината? Пред три работни дена од страна на општината до Министерството за финансии е поднесено барањето и банкарска сметка за извршување на поврат на 25 милиони денари. За да се исплатат овие средства Министерството треба да донесе решение за поврат, кое е во тек, стои во реакцијата на Министерството.
Оттаму обвинија дека Општина Центар го злоупотребувала Министерството за политички маркетинг и пропаганда.