Министерство за финансии: Лажно интервју на министерката Димитриеска-Кочоска се споделува на социјалните мрежи

by Fokus

Министерството за финансии информира дека денеска на социјалните медиуми e споделена вест во која се пренесува лажно интервју од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, за кое е искористено логото на Канал 5 телевизија.

– Станува збор за креирана невистинита содржина која содржи лажни информации, неточни ставови и изменети фотографии, а се однесува на некаков нов систем за враќање даноци, стои во соопштението на Министерството за финансии.

Оттаму појаснуваат дека станува збор за содржина која не е произлезена од Министерството за финансии и за истата е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости