Министерот за здравство Филипче на средба со преставници на синдикатите за зголемување на паушалите за дежурства

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници на синдикатите од областа на здравството и со преставници на Фондот за здравство.

На средбата се разговарало за мерката за зголемување на паушалите за дежурства.

-Овој вид средби ќе бидат редовна практика и во наредниот период, при реализација на активности, кои се во интерес на медицинскиот персонал. Целта е максимално вклучување на синдикатите, како и сите засегнати страни во имплементацијата на оваа, како и други мерки за унапредување на статусот на медицинскиот персонал – информираа од министерството за здравство.

 

Поврзани новости