Министерот за здравство Алиу прими вакцина против сезонски грип, за вакцинација пријавени се 49.000 граѓани

by irena 12:39
12:39

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во гостиварскиот Центар за Јавно здравје потврди дека има подобрување на бројот на заинтересирани граѓани кои сакаат да се превенираат со вакцината за превенција од грип.

– На ниво на државата има 49.530 пријавени граѓани коишто сакаат да се вакцинираат. До вчера на ниво на држава 19.500 се веќе вакцинирани. Само во Гостивар се вакцинирани над 80 граѓани, така што трендот на подобрување за заштита од сезонскиот грип секоја година се подобрува што е позитивно и ние ќе продолжиме, како министерство, да работиме во насока на подобрување на превенција на граѓаните од сезонскиот грип, рече Алиу, кој во одделението за епидемиологија во Гостивар прими вакцина против сезонски грип.

Слични вести