99
Министерот за внатрешни работи на Косово – Џељаљ Свечља денеска изјави дека во време кога српската влада го финансира тероризмот, неопходно е да се инвестира во безбедна иднина на Косово.
Свечља на Фејсбук објави дека заедно со високи функционери на Министерството за одбрана на Косово и на косовската полиција го посетил најголемиот саем на безбедносната индустрија „Евросатор“ во Париз.
„Ќе го посетиме саемот со цел да ја подобриме нашата армија и полиција. Во овие тешки времиња со многу предизвици за демократијата и безбедноста ширум светот и влада како што е српската, која го поддржува и финансира тероризмот, неопходно е да се инвестира во сигурна иднина“ – напиша тој.