Министерот за правда Лога побара од судскиот совет да го испита работењето на судијата Лазар Нанев во Кавадарци и наложи тим од министерството за правда да го испита АКМИС системот. Тој денеска го разреши Нанев од функцијата.
Поради пропусти во работењето на Нанев, министерот Лога до Судскиот совет доставил допис со барање за отворање на постапка за утврдување на одговорност/неодговорност на судијата и Претседател на Основниот суд Кавадарци.
„И покрај фактот што во доставените материјали се присутни сериозни наводи кои укажуваат на нарушен интегритет на судија како и индиции за можни злоупотреби и евентуални влијанија отсуствува постапувањето на Судскиот совет. Министерството за правда покрај сите превземени обиди не успеа да дојде до сознанија за било какви мерки кои Судскиот совет ги има преземено со цел испитување на фактичката состојба и утврдување на одговорност врз основа на сите доставени писмени наводи и индиции за судијата и Претседател на судот во Кавадарди“ наведува Лога.