Министерството за правда Кренар Лога пак ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, но и за осудените поранешни разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Тој на брифингот со новинарите рече дека разговарал со амбасадорката на Грција во Скопје од која побарал поранешните разузнавачи да бидат екстрадирани, за да може довербата на граѓаните во судството да расте.
„Недозволиво е европски држави како Грција и Унгарија да не ни помогнат во спроведување на закон“, рече Лога.
Груевски, пак, живее во политички азил во Будимпешта откако побегна по донесувањето на пресудата за случајот „Тенк“, на поранешното СЈО.
Македонските власти бараа негова екстрадиција за издржување на двегодишна затворска казна поради незаконската набавка на „Мерцедесот“ како и за обвинението за организирање на насилниот упад во Собранието од 27 април 2017 година.
Сепак, судот во Будимпешта го одби барањето затоа што условите за екстрадиција не биле исполнети.
По четврти пат земјава се подготвува да бара екстрадиција за екс премиерот Груевски. По барањата во 2018 и 2019 година, и тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ поднесе барање, во 2021 година.