413
Јас не верувам дека има држава во светот каде што правосудните органи немаат притисоци на некој начин, но не би рекол дека имаат притисоци во ваков обем како што имаат кај нас, вели министерот за правда Аднан Јашари во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Јашари во интервјуто вели дека законот за граѓанско-правна одговорност за клевета, односно навреда, има проблеми во примената.
– Веќе во правда е направена една стратегија за одржување на семинари за судиите што судат граѓанско-правни предмети. Од страна на Министерството за правда во 2014 година се организирани неколку семинари со оваа категорија на судии. Целта беше како подобро да се применуваат одредбите од овој закон во однос на едно такво дело – истакна Јашари.