Министерот за правда го повика Обвинителството да не ја попречува истрагата за насилството во Собранието

by fokus

Министерот за правда, Валдет Џафери, го повика Јавното обвинителство да не ја попречува истрагата за насилството од 27 април во Собранието и да обезбеди целосна и транспарентна истрага на случајот.

-Обвинителството треба да работи без надворешни влијанија, да се потпре на Законот за кривична постапка и на Кривичниот законик  и согласно Законот и Кривичниот законик да ги санкционира сите оние коишто извршија насилство врз пратениците, сите оние коишто ги нападнаа пратениците на Македонија и највисоката институција во земјата. Воедно, сакам да го констатирам фактот кој е неспорен, односно моментот на напаѓачите во случајот „Монструм“ и моментот на напаѓачите на највисокиот законодавен дом. Во двата случаи демонстрантите добија сосема различни казни, односно демонстрантите против случајот „Монструм“ добија остри казни, а во меѓувреме, Обвинителството на индиректен начин, се обидува да не ги приведе вистинските лица коишто извршија насилство, изјави министерот Џафери.

Тој рече дека не треба да се делува со двојни стандарди, и дека сите случаи со криминал ќе бидат осудени исто.

Поврзани новости