Министерот за одбрана на Трамп: Дипломатијата е важна, но на крајот се важни куршумите и тенковите

by Fokus

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет се состана со полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш во Варшава, каде што одржаа заедничка прес-конференција.

Косињак-Камиш ја истакна потребата од зголемување на европските одбранбени инвестиции, истовремено пофалувајќи ги напорите на сопствената земја, која инвестира 5 отсто од својот БДП во одбраната. Тој, исто така, предложи заеднички проекти со САД за зголемување на производството во одбранбената индустрија.

„Полска може и треба да биде инфраструктурен центар за одржување и развој на американската економија и одбрана“ рече тој.

Хегсет ја нарече Полска „примерен сојузник“.

„Нашето пријателство и врска се силни“ порача Хагсет.

Тој ја пофали Полска што инвестира не само во сопствената одбрана, туку и во заедничката одбрана на континентот.

„Дипломатијата е важна. Разговорите се важни. Преговорите се важни. Но, на крајот, куршумите, тенковите, хеликоптерите и „тврдата моќ“ сè уште се важни. Полска го разбира тоа, а и ние“, рече Хегсет, додавајќи дека Полска ги надминува своите обврски за споделување на товарот во НАТО и дека се бараат нови начини за дополнително партнерство.

Тој, исто така, ги пофали заедничките полско-американски мисии во странство.

„Нивото на нашето партнерство е неспоредливо во Европа“.

Поврзани новости