„Не постои поголем мотив за работа кога крајната цел е да се направи нешто добро за интересите на сите граѓани, а особено кога станува збор за интересите на младите. Токму тие беа мојот императив во изминатите две и пол години во кои имав мандат да раководам со Министерството за образование и наука. Искрено и со сета енергија која ја поседуваме, јас и мојот тим се заложивме да ги унапредиме состојбите во ресорот од кој најмногу зависи иднината на државата. Се соочивме со многу предизвици, но постигнавме и големи резултати. Дел од позитивните промени беа веднаш видливи, а дел пак, ќе го постигнат очекуваниот ефект на среден или на долг рок“ се вели меѓудругото во соопштението потпишано од се уште актуелниот министер за образование – Јетон Шаќири.
Тој вели „дозволете да изразам лична благодарност до сите Вас, медиуми и медиумски работници со кои во изминатите две и пол години одлично соработувавме и помогнавте да ја подигнеме свеста за важноста на овој ресор и транспарентноста во работењето на Министерството за образование и наука“.
„Посакувам да сме живи и здрави сите, да останеме обединети и независно на нашата позиција во општеството, да продолжиме да работиме со цел од земја во развој, да станеме развиена и респектабилна земја во глобални размери“ соопшти Шаќири.