664
Министерот за образование на Србија, Бранко Ружиќ денеска и поднел неотповиклива оставка на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, соопштија за Танјуг од српското Министерство за образование.
Во писмото што го испратил до премиерката, Ружиќ уште еднаш „во неискажлива болка им изразува најдлабоко сочувство до најблиските на жртвите“ и додава „Господ нека ни е на помош за нешто вакво никогаш повеќе не се случува“.
– Драматичните слики од случувањато во училиштето, солзите пролеани при изразување на сочувство до неутешните родители на загинатите деца, ќе ги носам како печат на мојата душа до крајот на животот – вели Ружиќ во писмото до премиерката.
Утрово тој положи венец и се потпиша во книгата на жалост во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.