Министерот за образование бил доцент кај Мерко без признаена диплома

Министер кој никогаш не работел друго, освен директор и функционер. Тоа е министерот за образование, Јетон Шаќири, на кого над глава му стои спорно именување за доцент на универзитетот на Мерко во Струга. Токму овој министер треба да го среди образованието, кое одвреме навреме, оти јавноста повеќе ја интересира политиката од образованието, ќе нѐ шокира и освести колку сме неписмени

by fokus

Министерот за образование, Јетон Шаќири беше разочаран од резултатите што основците ги покажаа на приемниот испит во гимназијата „Орце Николов“, и, според кои, од вкупно 292 ученици, само 11 добија петка. Рече дека ова ја покажува реалната слика на образовниот систем и побара да се испитаат педагошките и психолошките причини за ваквите резултати.

Богатата биографија на младиот министер открива дека тој бил толку успешен и талентиран, што, освен директор и министер, не работел ништо друго.

Во годините што се изнаредени на страницата има една спорна година, а тоа е 2016 година. Според биографијата, од 29 ноември 2016 година, тој како доцент е наставник по група предмети од областа на економските науки на Меѓународниот универзитет во Струга, каде што ја градел својата научна кариера.

Токму струшкиот универзитет којшто е поврзан со актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко се поврзуваше со издавање фалсификувани дипломи Аферата со дипломите на струшкиот универзитет пукна кога во 2018 година, Илиевски заедно со уште еден инспектор беа избркани од универзитетот каде што требало да извршат повторен инспекциски надзор за утврдување на спроведувањето судска одлука донесена во 2015 година по пријавата од МВР за постоење фалсификувани дипломи на универзитетот.

По пријавата на МВР од 2015 година, инспекторите извршиле надзор и констатирале дека има стотици студенти од странство (од Турција), кои студираа на МУС, а кои биле запишани без да им бидат нострифицирани дипломите во Македонија, од претходното образование што го стекнале во нивната земја.

При инспекциски надзор, инспекторите беа избркани, а до ден денеска Универзитетот си функционира без ниту една санкција.

Инспекторите редовно оделе кај Мерко, ама сѐ било чисто!

Инспектори од Државниот просветен инспекторат, по инцидентот што се случи на Меѓународниот универзитет во Струга во 2018 година, редовно вршеле инспекциски надзори таму, но сѐ било чисто.

Ова може да се заклучи од одговорот што ни го доставија од Државниот просветен инспекторат на прашањата што ги испративме кога последен пат е извршена инспекција на овој универзитет по инцидентот и дали се утврдени некакви неправилности.

-Во периодот од 2018 година до 2022 година, Државниот просветен инспекторат има извршено пет редовни надзори по следниве основи:

– запишување студенти на прв, втор и трет циклус, водење матични и главни книги за втор и трет циклус студии, избор во наставно-научни и соработнички звања, забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност согласно Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.

Во овој период, исто така, има извршено и осум вонредни инспекциски надзори, и тоа по однос на:

– ангажирани професори, проверка на досие на студент, проверка на податоци за студент, престој на странски студенти, како и за формирање орган на основачот, се вели во одговорот, во кој не пишува точно дали се утврдени некакви неправилности или не.

На чело на Државниот просветен инспекторат, во 2020 година беше именуван Ардиан Муслиу, кадар на ДУИ, па сега излегува дека сите неправилности во образованието ги контролира ДУИ, со свој министер и со главни луѓе во инспекторатот.

ШТО Е СПОРНО СО ИМЕНУВАЊЕТО ЗА ДОЦЕНТ НА МИНИСТЕРОТ И ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Фросина Факова-Серафиновиќ

Поврзани новости