Министерот за култура се сретна со министерот за некултура

by Фокус

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски присуствуваше на Вевчанскиот карневал, еден од најпознатите настани во Вевчани, кој започна вчера, а ќе заврши утре, на 14 февруари. Карневалот под отворено небо, со илјадници уникатни маски, кои се кријат се до самиот настан и годинава привлече илјадници гости.

Помеѓу маскотите, секоја година се редовни оние, со ликот на политичарите. Така, годинава, не изостанала и маскотата која го претставува министерот Алаѓозовски, со неговите специфични суканици, но и со шише виски во рака, а самиот тој лично позирал со својот карневалски двојник.

Под објавата на сликата, напишал дека во Вевчани остварил средба со министерот за некултура и како договориле соработка и нови проекти. Тоа што министерот умее да прифаќа шеги на својата сметка и весело се поздравил со маскотата, му донесе позитивни критики на социјалните мрежи.

Лани, на Вевчанскиот карневал вниманието го привлече маскота со ликот на Груевски, со лисици на рацете и затвореничко одело. Поранешниот лидер тогаш не позираше со својот карневалски двојник. Карневалот кој се изведува во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики има традиција постара од 1.400 години, а секоја година привлекува илјадници домашни и странски гости.

Вики Клинчарова

Поврзани новости