430
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Димитрис Јанакакис.
На средбата, министерот Адеми го запознал амбасадорот Јанакакис со моменталните активности поврзани со дијаспората, како и потребата од градење на Национална стратегија за соработка со дијаспората, која треба да претставува патоказ за плодна соработка со дијаспората.
Дополнително, се разговарало и за потенцијална размена на искуства, мислења и позитивни практики поврзани со прашањето на дијаспората помеѓу Република Грција и Република Македонија.
На средбата, уште еднаш била потврдена желбата за добри односи и унапредување на мерките за градење на доверба помеѓу двете земји.