Министерот вели се бара решение за блокираната сметка на Гинекологија

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека попладнево ќе се сретне со директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска и со претставници од Министерството за финансии, во врска со блокирањето на сметката на Клиниката, поради исплата на извршни судски решенија.

– Одлуката за симнување пари од сметката по тужба за некој случај кој бил во 2008 година не затекна и нас. Тоа е сума на средства која не е предвидена во буџетот на Клиниката. За таа цел попладнево ќе имаме средба со директорката на институцијата и со луѓе од Министерството за финансии за да ги разгледаме сите околности и да знаеме кои следни чекори да ги преземе, рече Филипче пред почетокот на свечениот собир по повод Светскиот ден на здравјето.

Појасни дека секоја јавна здравствена институција има право на донациска посебна сметка.

Министерот за здравство рече дека ќе се сретне со лекарите од општа медицина и додаде оти средбата е закажана денеска во 15 часот.

Поврзани новости