Министерот Тошковски во посета на граничниот премин „Табановце“

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава го посети граничниот премин „Табановце“ каде на лице место ја утврди фактичката состојба поврзана со преминувањето на границата на возила и патници кон соседна Србија.

Од страна на раководните полициски службеници на граничниот премин министерот бил известен дека сѐ се одвива во најдобар ред, согласно утврдените правила и дека граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со оние лични карти кои се со името „Република Македонија“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.

Тошковски потенцирал доколку граѓаните бидат спречени да остварат излез, да добијат писмено образложение со причините за истото.

Тошковски ги поздравил и одговорните полициски службеници од српската гранична полиција кои потврдиле дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено.

Поврзани новости