Министерот Панче Тошковски во текот на денешниот ден ја посети Државната изборна комисија при што се сретна со претседателот Александар Даштевски и членовите на комисијата.
На средбата министерот Тошковски ја изрази својата отвореност за соработка со ДИК и посочи дека раководството на министерство за внатрешни работи е едногласно дека целосниот капацитет на министерството ќе биде ставен на располагање на комисијата со цел преземање на сите мерки и активности што се однесуваат на организирање и спроведување на изборниот процес, а се од делокругот на работа на МВР согласно позитивните законски прописи.
Од страна на претседателот и членовите на државната изборна комисија беше изразена благодарност за посетата на министерот и беа презентирани определени технички барања и сугестии за забрзување и подобрување на активностите кои треба да овозможат ефективен избирачки процес.
На крајот, министерот Тошковски и членовите на ДИК се согласија дека двете институции во претстојниот период ќе имаат високо ниво на соработка и ќе бидат гарант за организирање на фер и демократски избори.