Министерот за здравство Арбен Таравари се повлекува од листата на Национални советници, кои треба да го советуваат министерот за разни области од медицината, потврдија од Министерството за здравство, пренесе НОВА. Откако НОВА ја објави информацијата за судирот на интереси во кабинетот на министерот, од истата советничка листа се повлекуваат и неврологот, Мерита Исмаили Марку која како советник во кабинетот на министерот за здравство, требаше да го советува министерот од областа од неврологијата. Се повлекува и третиот, државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кој требаше да го советува министерот од областа на Максилофацијалната хирургија. Кратко пред тоа, по објавување на информацијата Таравари коментираше на Фејсбук.
„Јас сега дознав дека сум во таа комисија и веднаш побарав да бидам одземен. Само за информација немам добиено ниту еден денар надомест“, напиша коментар под текстот на НОВА, на социјалната мрежа Фејсбук министерот Таравари.
Неофицијално, наводно министерот Таравари не учествувал во составување на листата на Национални советници меѓу кои се најдоа и имињата на тројцатата високи државни службеници. Наводно, неговиот потпис бил ставен со печат, без тој да знае. Нема потврда за ова, ниту информација дали некој ќе одговара за ваквиот потег.
Наводно, по објавување на информацијата на НОВА во кабинетот настанала збрка, при што Таравари побарал да се изземат трите имиња од списокот.