Министерот Таравари продолжува секоја среда да прегледува пациенти на скопска Неврологија

by Fokus

Министерот за здравство Арбен Таравари откако седна на министерското столче продолжи еден ден во неделата да си ја врши лекарската професија, односно да прегледува пациенти.

Тој, секоја среда прегледува по неколку пациенти во амбулантата на скопската Клиника за неврологија.

– Со оглед на обврските што ги имам како министер, успевам еден ден во неделата, во среда да се посветам на неколку пациенти. Тие ме доживуваат најнормално, како нивни матичен невролог. Задоволство е да се биде меѓу пациенти и да се помогне – тврди Таравари во изјава за „Фокус“.

Поврзани новости