426
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во вечерашното гостување на Топ тема на телевизија Телма рече дека според неговите информации минатиот министер и влада на месечно ниво биле информирани од надзорот за проблемите во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но инсистирале изградбата да продолжи од популистички побуди.
-Очигледно е дека намерата била по секоја цена да продолжи изградбата и на популистички начин да се прикаже дека владата гради во интерес на граѓаните. Ве уверувам дека ова не е во интерес на граѓаните, од чиј џеб сега ќе треба да се платат дополнителни средства за да се поправат грешките на автопатот Кичево-Охрид, изјави Сугарески.