Министерот Спасовски останува на ставот дека со Законот за амнестија нема да се решат проблемите во затворите

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување на дневникот на Македонската телевизија рече дека има многу јасен став по однос на ова прашање односно, дека треба промена на законско решение или носење на посебен закон којшто ќе овозможи амнестија на лицата да има некаква крајна цел.

Тој вели дека ако целта е функционално да бидат растеретени казнено-поправните установи, тоа нема да се случи, затоа што според проценките на Агенцијата за извршување на санкции, станува збор за околу 260 лица и можеби за околу 400 лица кои би добиле намалување на казната.

„Имајќи го предвид бројот на лица кои се на издржување казна затвор и колку лица чекаат за извршување на санкцијата, може да се заклучи дека мора да се внимава околу стратешкиот пристап во однос на извршувањето на санкциите“, изјави Спасовски.

Како аргумент го посочува и фактот дека во првите осум месеци од годинава имало 500 повратници кои направиле нови кривични дела.

Поврзани новости