“Насилниот екстремизам како феномен добива големо внимание во меѓународната политика, и со право, поради зголемената свесност дека треба да се одговори на потеклото на терористичката активност, а не само да се фокусира на запирање на нападите. Справувањето со насилниот екстремизам всушност мора да вклучува холистички пристап чија цел е да ги испита и да ги разработи причините и факторите кои доведуваат до тоа поединци да прифатат екстремистички идеологии“.
Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно обраќање на министерскиот Форум на отпорност на Западниот Балкан а посветен на темата – “колаборативни пристапи во справувањето со екстремизмот преку дејствување“, што денес се одржува во Будва, Црна Гора, а во организација на Меѓународниот републикански институт и црногорското министерство за внатрешни работи. Посочувајќи дека екстремизмот покрај опасностите од нарушување на општествената кохезија, односно продлабочување на поларизацијата по етничка и верска линија, како главна закана, т.е врвен безбедносен приоритет за државите ја генерира и можноста од терористичко делување, министерот Спасовски нотираше неколку важни поенти од аспект на позицијата и активностите на Република Македонија на овој план.Балканските земји, меѓу кои и Република Македонија,пред сé поради геостратешката положба и специфичнитеетнички, социјални и политички карактеристики претставуваатпогоден терен за стационирање и егзистирање на екстремни и радикални поединци и групи. Независно од нивната политичка, идеолошка или религиозна позадина, присуството на екстремни поединци и групи и ширењето на радикални ставови, идеи и заложби во регионот упатуваат на реална опасност од вршење акти на насилство со елементи на тероризам“, нагласи Спасовски. Оттаму, приоритетеннационален безбедносен интерес е изнаоѓање на најадекватни начини и средства за нивно спротивставување, користејќи ги инструментите кои се на располагање на современите држави.
Во тој контекст Спасовски потенцираше дека: “покрај низата законски и други релевантни акти како Националната стратегија за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам и Национална стратегија за одбрана на Република Македонија, појдовна основа за институционално делување претставуваат и Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам и Националната стратегија за борба против тероризам, со пропратните Акциски планови, кои се одраз на севкупните цели и интереси на државата на планот на јакнење на националната безбедност“.
“Како одговор на безбедносните ризици, Република Македонија постојано ги надградува своите национални капацитети, согласно безбедносната стратегија и напорите на меѓународната заедница за заедничка борба против тероризмот, притоа исто како и сите земји во регионот и пошироко давајќи и императивен приоритет на борбата против тероризмот“, рече министерот Спасовски.