602
Бурни реакции крена постапката на министерот за животна средина, Насер Нуредини, кој синоќа ги избегна новинарите на прашање за загадувањето во Македонија.
Премиерот Зоран Заев застана во одбрана на министерот, додавајќи дека тој имал намера да биде транспарентен.
„Со министерот зборуваме и на англиски и македонски јазик. Човекот дојде од Виена да и служи на државата. Јас верувам дека тој имал искрена намера и треба да бидеме транспарентни. Јас апелирам до сите да бидеме отворени“, истакна Заев.