Министерот Николовски влезе во расправија со новинарите поради негови роднини што работат во М-НАВ

by Fokus

Љупчо Николовски – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство влезе во расправија со новинарка која го праша како ќе ја убеди јавноста дека не станува збор за непотизам и дека тој и неговата функција немале никакво влијание за тоа што чичко му работи во М-НАВ, а исто така е вработен и негов братучед.

„Жалам што наместо да се интересирате за темите од делот на земјоделството се обидувате да ширите невистини и лаги. Имавме брифинг за новинари и жалам што во 2023 година имавме над 100 реализирани проекти, не се испромовира тоа што работеше овој тим, а најважно било ова прашање на кое пак ќе го дадам истиот одговор. Чичко ми работи таму пред да бидам роден. Зарем некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал, работел и се вработил пред 1983 година и 20 години претходно. И тоа ви е најбитната тема наместо да информирате за она што граѓаните ги интересира“ – одговори денеска Николовски.

На забелешката дека ова е тема од јавен интерес, министерот Николовски обидувајќи се да ја намали тензијата, продолжи со објаснувањето за тоа за каков кадар станува збор.
Според него, лицето за кое станува збор е највисоко стручно посветен кадар, школуван во Јапонија, во Кина и во Словенија којшто после 20 години се вратил во земјата.

„Секој од нас треба да се бори да ги задржи младите тука, а всушност тоа е и нашата политика. Така што како што чичко ми работел пред 40 години, а јас според вас сум можел да влијаам на тоа вработување, во ниту еден случај, па не сум влијаел и немам комуникација, впрочем и не сакам да одам понатаму“ – рече Николовски.

 

Поврзани новости