75
Министерот Љупчо Николовски предизборно се пофали дека добро се снаоѓа и во кујна, приготвувајќи пастрајмалии во Пробиштип.
-Бујрум на пастрамајлија или како што овде во Пробиштип се вели пастрмајки. Рецептот од прва рака.
Ресторан “Златица” во Злетово кој годинава слави 40 години јубилеј, 40 години искуство, напиша Николовски на фејсбук.
Тој порача да ја чуваме традицијата.
-Во нашиот исток виреат безброј македонски традиции оставени, и пренесувани од колено на колено. Да ги чуваме и негуваме, тие се нашето богатство, вели Николовски.