Министерот Милевски на средба со американската амбасадорка, ја запознал со тековните активности

by fokus

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во неговиот Кабинет имаше средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Министерот Милевски ја запозна амбасадорката Брнз со работата на Министерството, актуелните теми и тековните активности.

Како што соопшти Министерството, на средбата Милевски се осврна на помошта што САД и ја дава на земјава која, рече, непоштедно придонесува за развој на демократијата на политички и на економски план.

Министерот ја увери амбасадорката Брнз дека се залага за сестрана соработка со амбасадата на САД во РСМ и за размена на добри искуства и практики.

Поврзани новости