Министерот Меџити побара вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

by Fokus

Министерот за здравство Фатмир Меџити побарал Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во одделот за гинекологија и акушерство во клиничката болница во Битола за случајот на мртвородено бебе, соопшти Министерството за здравство.

„ Според информативниот допис од Клиничката болница Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до 7 месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана“, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство информираат дека првпат родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог.

„Истата била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост, полихидрамниja – состоба која укажува на компликации кај плодот. Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила исто со мртвородено. Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман“, соопшти Министерството за здравство.

Поврзани новости