Попладнево во Битола допатува министерот за здравство Фатмир Меџити откако во јавноста се појави најновиот случај со починатото бебе.
Меџити најави дека утре ќе биде испратен Државен здравствен санитарен инспекторат, составен од Комисија од инспектори кои ќе ги утврдат причините за смртта на новороденчето.
Информациите се дека станува збор за млада мајка од 24 години на која ова и било прво дете.
„Бебето по породувањето било живо и според извештаите кои ги видовме било родено со тахикардија и имало белодробно срцево оживување. Тоа е се што во овој момент можам да кажам. За причините за смртта на новороденчето ќе можеме да кажеме поопширно откако комисијата ќе ги утврди причините за смртта, рече министерот Меџити.
За смртта на шестгодишната Јана тој не сакаше да коментира се додека не го добијат обдукцискиот налог.
Меџити рече дека состојбите во битолската болница, каде недостасуваат голем број лекари и друг медицински персонал, се тешки.