Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека се врши ревизија на Законот за абортус, но не кажа дали измените задираат и во задолжителните советувања за жените што сакаат да ја прекинат бременоста, што беше најмногу критикувано кога се носеше Законот пред пет години.
-Во МЗ остануваме посветени и како еден од приоритетите ни се сите закони и процедури за уанпредување на здравјето на жената. При крај сме со ревизијата со законот за абортус кој наскотро ќе биде пушртен во соодветна процедура. Со заедничко делување ќе содадаеме општество кое ќе биде ослободено од насилство и семејното насилство воопшто, изјави Филипче.
Министерот Филипче покрај измените во Законот за абортус, денеска најави и нови услови околу издавањето приоритетни упати. Дециден е дека нема да се укинат, но нема да постои општ приоритетен упат.