Министерот Димитров во посета на Чешка

by fokus

Министерот за надворешни работи  Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Чешка. Како што информираат од МНР, за денеска се предвидени неколку билатерални средби, меѓу кои и со неговиот чешки колега Томаш Петричек.

Димитров утре ќе учествува на годишниот состанок на Министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група и државите од Западен Балкан, што се организира во рамки на Чешкото претседавање во Вишеградската група. Состанокот се очекува да овозможи отворена дискусија на Министрите и претставниците на ЕУ институциите за состојбата и очекувањата поврзани со евроинтегративните процеси на Регионот.

Поврзани новости