Министерот Алиу: Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците

by Fokus

„Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците“.

Ова вечерва го изјави министерот за информатичко општество и администрација – Азир Алиу пред вечерашниот состанок на делегатите на Централното собрание на партијата кој го свика лидерот Арбен Таравари.

Алиу ваквиот коментар го даде откако беше прашан дали како исход од вечерашниот состанок може да се очекува нивно отцепување од партијата со оглед на тоа што Алијанса официјално поднесе предлог за негово и за разрешување на министерот здравство Фатмир Меџити.

„Нема отцепување од Алијанса зашто ние сме Алијанса за Албанците. Другите се дел ‘дуисти’ во Алијанса за Албанците, така што тие дали ќе бидат заедно или ќе бидат на посебна листа, дали ќе формираат посебна политичка партија тоа е на нив“- изјави Алиу.

Тој изрази надеж дека во салата ќе има над 85 отсто од членовите во Централното собрание на партијата.

Предлогот за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити премиерот на техничката влада Талат Џафери денеска го достави до Собранието, а седницата на која ќе се расправа за разрешувањето на двајцата министри од Алијанса е закажана за утре.

Поврзани новости