Министерот Адеми по апелот на Кардула: Сите наставници да издвојат време да го потенцираат богатството на различностите

by fokus

Откако денеска македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула, апелираше, со стартот на новата учебна година да им се посвети малку повеќе внимание на децата со посебни потреби, се одзва министерот за образование, Арбр Адеми.

-Со задоволство ја примив информацијата и апелот од Зоран Кардула за да го направиме овој почеток на учебната година поуспешен за сите. Ваквите граѓански иницијативи се клучен и мотивирачки чекор да бидеме успешни и да им овозможиме на сите наши деца еднакви можности и пристап посебно во образовниот систем. Поведен од оваа иницијатива сакам како министер за образование и наука да ги охрабрам сите учители (просветни работници) на првиот воведен час да издвојат време за да го потенцираат богатството кое постои во нашето општество, односно идејата „да се биде различен – и да се прифатат различностите од било кој тип”. Бидејќи токму тие различности ќе не’ направат сите подобри луѓе, целото општество подобро и ќе влијаат да изградиме образовен систем кој ќе го препознае потенцијалот на секое дете – затоа што нашите деца, се иднината на нашата Македонија, напиша Адеми на Фејсбук.

 

Поврзани новости