Министерот без ресор во Владата, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, лобира кај нашите иселеници да ја поддржат групата ,, Еуе Cue’’ утре, на првата полуфинална вечер на Евровизија.
-Во вторник, осми мај, под реден број 11, настапуваме во првата полуфинална евровизиска вечер (од 21:00 CEST) со бендот ,,Еуе Cue’’ во Лисабон, Португалија. „Изгубено и најдено“ („Lost and found“) е песната со која ќе се претставиме и натпреваруваме за влез во финалето. Музиката е најраспространетиот јазик за комуникација помеѓу луѓето и најдобриот меѓународен амбасадор кој ги претставува културните вредности пред цела Европа и светот. Ве повикувам сите вас, кои сте по потекло од Република Македонија и живеете надвор, во земјите кои учестуваат на овогодишната Евровизија силно да ги бодриме ,,Eye Cue’’, претставниците на Република Македонија на Евровизија 2018 – апелира Адеми.
На првата полуфинална вечер, утре, покрај Македонија, ќе настапат и претставниците на Велика Британија, Шпанија и Португалија, Белорусија, Бугарија, Литванија. Албанија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија, Кипар, Хрватска и Грција. Во второто полуфинале на 10 мај настапуваат претставниците на Италија, Франција, Германија, Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Норвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и на Украина. Марија и Бојан од групата ,,Ај кју’’ заедно со комплетната евровизиска делегација престојуваат во Лисабон, Португалија од 28 – ми април.
Според анкетите на фан клубовите на Евровизја, ширум светот, годинава фаворит е песната ,,Тоу’’ на Нета од Израел, а зад неа се Франција и Финска.
Вики Клинчарова