346
Министерката за надворешни на Канада, Мелани Жили, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде што домаќин ќе ѝ биде министерот Бујар Османи, а ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
„Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавањето на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика“ – информираат од МНР.
Жоли предвидено е да одржи и прес-конференција со Османи.