Министерката за култура по повод Меѓународниот ден на демократијата: Да дадеме сила на новата генерација!

by Fokus

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата на својот Фејсбук профил напиша дека „не постои друг клуч, ниту формула за народ во благосостојба, за општество на задоволни граѓани и за независна, силна и прогресивна јавност, освен демократијата“.

„Оваа година во фокусот на вниманието по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, се младите, следната генерација, како чувари, промотори и храбри луѓе кои ќе ги шират границите на демократијата како најголема вредност и како право на секој поединец според Универзалната декларација за човековите права.
Да ѝ дадеме сила на новата генерација!
Да ги слушнеме и разбереме нивниот глас и нивните пораки. Да ги поддржиме со континуирани и растечки инвестиции во културата, во образованието и во општеството на можности. Да ја зајакнеме заштитита на човековите права и потојано да ја унапредуваме родовата еднаквост.
Да ја прифатиме обврската за поголемо и посеопфатно учество на на младите во процесите на донесување одлуки на секое ниво.
Меѓународниот ден на демократијата повикува на генерациско обединување – заеднички да градиме поправеден свет за сите“ стои во објавата на министерката.

 

Поврзани новости