Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска која на еден брифинг со новинарите изјави дека ако се намалат функционерските плати ќе си замине од министерското место, вечерва, по изгласувањето на ребалансот на буџетот, во телевизиско гостување предложи да се донесе закон за намалување на платите на функционерите и беше децидна дека овој закон се донел за време на претходната власт.
-Ако се толку чесни еве ќе отворам наменска сметка па нека го вратат целиот износ, односно целата разлика од утврдената и покачената плата, нека прекинат да земаат апанажа. А, јас што ќе одлучам е мој личен став. Видоа дека сум вредна, дека работам и ќе бидат тажни ако си заминам, но тоа е моја лична одлука и не треба никој да се меша, порача таа на дневникот на ТВ Сител.
Министерката вели дека таа не е надлежна за изменување на законот, па вели дека надлежната институција и министер треба да предложи закон за намалување на платите.