408
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ја поддржа кампањата „За здрави и среќни животни“. Зедно со своето синче таа деновиве ја посети Зоолошката градина и ги хранеше жирафите.
Кампањата е со цел да им се испрати апел на посетителите да не даваат храна која е штетна по здравјето на милениците.
„Животните во Зоолошка градина Скопје јадат храна по специјално подготвени нутритивни таблички кои се различни за секое животно, а секоја храна надвор од табличката преставува опасност за нивната благосостојба. Воедно со министерката договоривме и соработка помеѓу Зоолошка градина Скопје и Министерството за труд и социјална политика и спроведување на заеднички успешни проекти во иднина“, велат од таму.