499
Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас го критикуваше рускиот напад врз Украина оквалификувајќи го како „варварски“ и „неоправдан“ и ја повтори поддршката на нејзината земја за Киев.
– Солидарност со Дмитро Кулеба и украинскиот народ. Нападот на Путин врз Украина е варварски, неоправдан и покажува бесчувствително непочитување на човечкиот живот. Ќе продолжиме да бараме одговорност од Путин и да останеме цврсти во нашата поддршка, напиша таа на Твитер