Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја прими вакцината против Ковид-19. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски.
-Штотуку ја примив првата вакцина против Ковид-19. Доколку голем број на граѓани, доколку сите ние се вакцинираме, тогаш и колективниот имунитет ќе биде поголем, изјави Шахпаска.
Таа посочи дека сите вакцини се проверени и квалитетни, и ги повика граѓаните да се вакцинираат.
-Многу е значајно за што поскоро да излеземе од пандемијата со Ковид-19 и да се вратиме на нашите секојдневни обврски, да продолжат нашите животи со еден нормален тек, со едно нормално секојдневие кое што беше типично пред почетокот од пандемијата, рече министерката.