Министерката Гордана Јанкулоска, на вечерашната прес-конференција не сакаше директно да одговори дали како министер се чуствува одговорна за случувањата во кумановско. Ова прашање и беше поставено бидејќи, иако полицијата веќе неколку дена знаела дека постојат терористички групи во кумановскиот регион, и имале време да подготват акција, сепак се случи животот да го изгубат петмина припадници на безбедносните служби, а над 30 да бидат повредени.
-Најлесно во вакви моменти е човек да избега од одговорноста наместо да се соочи со ситуацијата и да работи на нејзино расчистување – рече Јанкулоска, додавајќи дека и покрај оперативните сознанија кои ги имале, ова било исклучително тешка акција, со каква досега не се соочиле полициските сили.
Таа истакна и дека се уште е рано да се зборува за мотивите на терористичката група.
– Ова е премногу сериозно за некој да го користи за дневно политички поени – одговори Јанкулоска.