Социјалдемократската партија на Германија на новиот канцелар Олав Шолц денеска ги претстави министрите во новата германска влада.
Нов министер за здравство ќе биде Карл Лаутербах, кој за време на пандемијата на коронавирус стана ѕвезда на партијата.
Тој во моментов има над 700.000 следбеници на Твитер и речиси секоја недела се појавува во ТВ емисии, повикувајќи на остри акции за потиснување на ширењето на вирусот.
Инаку, СПД ќе има голем број жени на клучните позиции во новиот владин кабинет. Така, Шолц ја назначи Ненси Фезер за прва жена министерка за внатрешни работи на Германија, додека Кристин Ламбрехт ќе го предводи Министерството за одбрана.
Клара Гејвиќ ќе го преземе новото Министерство за домување. Свења Шулце, која беше министерка за животна средина во владата на Ангела Меркел, пак, ќе го преземе Министерството за развој, додека Хубертус Хајл ќе остане министер за труд.
На партиската конференција во саботата, СДП го одобри новиот коалициски договор со кој тие ќе управуваат заедно со Зелените и либералите.
Договорот доби огромна поддршка, откако за него гласаа 598 делегати, седум беа против, а тројца воздржани.