Министерот за полиција на мадагаскар Серж Гале, е еден од двајцата преживеани во падот на хеликоптерот, кој падна на североисточната страна на островот, пишува Гардијан.
Тој, по падот на леталото, морал да плива 12 часа до брегот.
Истовремено, продолжува потрагата по уште двајца патници по несреќата што се случи во понеделникот, соопштија полицијата и локалните власти.
Гале и неговиот колега полицаец допливале до копното во приморскиот град Махамбо одвоено во вторникот наутро, вели шефот на крајбрежната управа Жан Едмонд Рандрианантенена.
На снимката која круќи по социјалните мрежи се гледа Гале како лежи во маскирна униформа на лежалка исцрпен.
„Уште не ми е време да умрам“, вели тој и додава дека не е повреден, но дека му студи.
Спасувачките екипи најдоа 18 тела, а се претпоставува дека загинале 39 луѓе во таа хеликоптерска несреќа.
Причината за несреќата уште не е позната.