Полицијата пронашла распарчени тела на жена и нејзините два сина во вреќи во бунар во близина на куќата на министер на Пакистан.
Жртвите се идентификувани како Гиран Наз (40) и нејзините синови Мохамад Наваз (22) и Абдул Кадир (15).
Според локалните медиуми, жртвите биле идентификувани како сопругата и синовите на Кан Мухамед Мари, кој тврди дека министерот го држел неговото семејство во заробеништво во приватен затвор речиси четири години.
Тој тврдеше дека неговите пет други деца, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка, сè уште се во приватниот затвор на министерот.
Министерот за внатрешни работи нареди „безбедно враќање“ на киднапираното семејство.
По овие наводи, локалната полиција во четвртокот вечерта упаднала во куќата на министерот, но засега никој не е уапсен.
Случајот предизвика бес на социјалните мрежи, при што во осудата се приклучи и поранешниот пакистански премиер Имран Кан.
„Најостро го осудувам незаконското затворање, физичкото малтретирање и убиството на сиромашна жена и нејзините деца во приватниот затвор на Сардар Абдул Рехман Кетран“, напиша тој на Твитер.