Минчо Јорданов: Вицепремиерот со швајцарски сметки

by fokus

Минчо Јорданов е единствениот бизнисмен што истовремено бил јавен функционер кој се најде во податоците од меѓународната истрага на швајцарската банка „Кредит Свис“, пишува ИРЛ во своето истражување.

ИРЛ и партнерите ќе откријат дека тој поседувал осум сметки – три лични и пет на име на компании што ги претставува. Сметките се отворени во периодот од 2000 до 2009 година, кога Минчо Јорданов ќе добие доверба да биде заменик-премиер од 2004 до 2006 година во владата на СДСМ, предводена од Владо Бучковски.

Сметките на Јорданов со највисоките суми кои во еден момент биле на сметката

Во изминатата деценија најмалку двапати беше прв на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе во земјава, а во 2015 година се најде меѓу петте најбогати во регионот.

„Фокус“ за наследството што Јорданов го остава и неговиот придонес пишува уште во време кога тој беше актуелен со својата вицепремиерска позиција. Текстот ќе го објавиме наскоро во онлајн архивата на „Фокус“.

 

Поврзани новости