Министерот за јавна администрација, Горан Минчев на денешната прес-конеференција на која даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена од новата Влада, нагласи дека дигиталната алатка „Балансер“, која беше создадена за правична застапеност на заедниците во институциите, во изминатиот период била честопати злоупотребувана.
„Таа злоупотреба на “Балансерот” е регистрирана и аргументирана. Всушност, дигиталната алатка “Балансер” ја губи својата намена за која е создадена. Оваа ситуација е нотирана и во скрининг извештајот на Европската комисија. Во Законот за вработени во јавниот сектор е децидно наведена формулата за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници. Таа се однесува исклучиво за населението кое што живее на територија на Република Македонија, односно на резидентното население, согласно податоците добиени од последниот попис во 2021 година. Затекнатата состојба за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници од претходната Влада не беше во законски рамки.
На иницијатива на новата Влада и Министерството за јавна администрација, таа аномалија беше одстранета, и формулата за пресметка беше сменета“ објасни Минчев. .