Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 делември, тестирани се вкупно 17.456 материјали во лабораториите, а регистрирани се нови 6.463 позитивни случаи на заразени со Ковид-19.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (19,2%), 40-49 (18,9%), 50-59 (18,8%) и 20-29 (12,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,7%) и 10-19 години (3,8%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7% во однос претходната недела на известување. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.