Минатата година за патни трошоци на пратениците се потрошени 300 илјади евра, велат од Левица

by Фокус

Продолжува расфрлањето на народни пари за патни трошоци од страна на пратениците, реагираат од Левица, посочувајќи дека за удобното патување на претставниците во законодавниот дом во изминатата 2024 година се поторшени 300 илјади евра, што е за 20 илјади евра повеќе во споредба со 2023 година.

За таа цел, од партијата велат дека нивните пратеници до Собранието ќе поднесат Закон за патни трошоци, со кој драстично ќе се намали расфрлањето на народните пари.

„За време на мандатот на претходниот собраниски состав, пратениците инкасирале над еден милион евра. Во 2019 година исплатени сее 390.993 евра, во 2018 година 522.930 евра, во 2017 година 512.000 евра, во 2016 година 698.797 евра, а во 2015 година 770.883 евра“, велат од Левица.

Покрај злоупотребата на патните трошоци, како гориво, патарини, амортизација, од опозициската партија посочуваат дека добар дел од пратениците наплаќале и кирии во висина од 400 евра месечно.

„Дел од нив наплаќале кирии и покрај тоа што поседуваат станови во главниот град. ‘Битката‘ за најмногу потрошени народни пати по овој основ ја водат пратениците на ДПМНЕ, кои се во блага предност пред пратениците на СДС, а за овој мандат во ова им се ориклучија и пратениците од ЗНАМ“, велат од партијата на Димитар Апасиев.

Од партијата посочуваат дека Левица е пет години парламентарна партија, но дека за патни трошоци нема наплатено ниту денар.

Поврзани новости